Што е neoTV?

Нов концепт на интерактивна телевизија

Модерниот начин на живеење бара модерен пристап во гледањето телевизија. NeoTV го овозможува токму тоа. Освен што ги овозможува сите погодности, како што се паузирање, премотување и снимање на програмата во живо, вклучувајќи електронски програмски водич, neoTV сите овие бенефити ги нуди на било кој уред и насекаде каде што има интернет.
english_app_rgb_border (2)as
Кликнете и уживајте во веб верзијата од апликацијата.
ГЛЕДАЈ NEOTV ОНЛАЈН

Карактеристики

Интерактивна телевизија

NeoTV ги овозможува сите погодности што ги нуди IP телевизијата. Со неа може да паузирате, премотувате или да закажувате снимање на програмата во живо преку електронскиот програмски водич (EPG). Секако вклучени се опциите за родителска контрола, снимки со целата програма од националните канали од последните три дена, како и можност за слушање радиостаници. icons
k1

k2

Прилагодување по корисник

Благодарение на платформата, neoTV овозможува прилагодување на омилените содржини кои корисникот сака да ги гледа според своите желби. Она што ја прави уште подобра оваа можност е што на еден телевизор може да има повеќе профили со различни подесувања, така што според тоа кој е најавен на neoTV апликацијата во омилени канали ќе се прикажуваат оние програми кои корисникот ги избрал.

Мини компјутер

NeoTV уредот е буквално вашиот нов мини компјутер во вашиот дом. Едноставно приклучете оптичко глувче и тастатура и со нив работете како на кој и да е компјутер. За уште поголема комфорност приклучете безжично глувче и тастатура и едноставно опуштете се во вашата фотелја и започнете да пребарувате на интернет, да работите на вашите документи или пак проверете ја вашата електронска пошта. icons-minipc
k3

k4

Медиа-центар

Вашиот телевизор доби нова функција. Нема потреба да го вклучувате вашиот компјутер за да ги гледате вашите слики или видеа од последниот одмор. Поврзете го вашиот преносен хард-диск или micro SD картичка на neoTV уредот и споделете ги вашите слики и видеа со вашите најблиски.

Видео повици

Сè е поедноставно и поблиску со уредот на neoTV. Сега со приклучување на веб камера со вграден микрофон можете да комуницирате со вашите најблиски без разлика колку и да се далеку. Благодарение на достапните комуникациски апликации имајте видео повици во било кое време.
k5

Содржини

Изборот на канали е направен имајќи ги предвид интересите на различни гледачи и на тој начин е направена селекција од забавни, филмски, спортски и информативни канали. Секако ова не е конечна листа на канали и истата ќе продолжи да се зголемува со текот на времето и интересите на гледачите.

Уред

NeoTV користи Android™ базиран уред кој нуди напредни можности и гледањето телевизија го поставува на едно повисоко ниво. Истиот работи како за новите LCD телевизори така и за старите CRT телевизори.

ured-interaktivna-televizija
151230DIV_1100_NeoTV_MicroSite_UredIkoni

Бројни апликации

Базиран на Android™ платформата neoTV уредот овозможува инсталација на сите апликации кои ги користите и на вашиот мобилен. Сега секоја посакувана апликација од Google Play Store може да ја преземете и да ја користите*. Вам ви ја препуштаме имагинацијата за тоа што сè можете да направите со neoTV уредот.

interaktivna-televizija

Раководете со вашиот смарт уред

Преземете ја специјалната Android™ апликација и раководете со neoTV уредот директно од вашиот смарт уред (таблет или смартфон). Освен што можете да ја користите како замена за вашето далечинско, можете да ја користите
и како безжично глувче или тастатура*.

Преземи апликација